Јариќ се обидува да се смири со Лима

Пријател на српскиот кошаркар открива дека тој се одлучил да го спаси бракот со бразилската убавица.

Иако многу медиуми пишуваа дека Адриана Лима веќе го преболела Марко Јариќ, во прегратките на новиот дечко, српскиот спортист сака да ја врати назад.

– Многу се обидува да ја врати Адриана, со која што помина цели осум  години. Кога објавија дека се разведуваат, Јариќ се најде на удар на јавноста затоа што се разведува од таква жена. За време на одвоениот живот, меѓутоа, Марко сфати дека неговата љубов кон Адриана не згасила. Тој се труди околу неа, како на почетокот од врската, а ни таа не е рамнодушна, па не е невозможно наскоро да објават дека ќе му дадат уште една шанса на бракот. Таа отсекогаш истакнува дека е традиционално воспитана и сака нејзините деца да растат со двајца родители, што му дава надеж на Марко, вели извор близок на Јариќ за српските медиуми.

Покрај приказните дека и бил неверен, изворот вели дека кошаркарот никогаш не бил виден со друга девојка.

И самиот Јариќ навести дека постои можност да помирување:

– Адриана и јас долго разговаравме и дојдовме до фаза од бракот каде што карактерите ни вкрстија мечови. Се создава негативна енергија, не функционира онака како што треба. Дали е ова засекогаш, не знаеме. Секој ден ќе поминуваме време со децата. И понатаму сум заштитнички настроен кон семејството, вели Јариќ.

- Реклама -