Ја нарекувале зебра и крава, а сега е топ модел

Исповеди на една девојка која страда од витилиго.

Шантел Браун Јанг (19) боледува од ретка болест на пигментацијата, витилиго, а сега се натпреварува со 14 девојки кои Тајра Бенкс ги одврала во избор за следниот американски топ модел.

Неа на четири години ѝ е дијагностициран витилиго. Таа во емисијата „American Next top model” изјави колку тешко било додека растела, бидејќи децата ја нарекувале зебра и крава, поради белите флеки кои го покриваат нејзиното тело.

Сепак, благодарение на нејзината природна убавина, оваа девојка од Торонто веќе господари на модните писти.

Таа има снимено и еден спот, а била фотографирана од еден од најдобрите фотографи Марк Најт, кој соработувал со најдобрите манекенки на светот, од Кејт Мос до Карла Клос.

Таа себеси се опишала како манекенка која отворено зборува за витилиго, а на Инстаграм има преку 100.000 следбеници.

Screenshot_2

Неодамна била повикана од нејзиното средно училиште да зборува за дискриминацијата која ја претрпела таму поради својата кожа.

- Реклама -