Акциониот актер Брус Вилис и неговата сопруга Ема Херминг, станаа горди родители на ќерката Евелин.
Ема има 35 години, а ова е нејзина втора ќерка, откако пред две години исто така ја доби ќерката Мејбел.
Вилис и Ема се венчаа во 2009-тата година, девет години откако актерот се разведе од Деми Мур.
Од бракот со Деми Мур (51) има три ќерки: Румер (25), Скаут Лару (22) и Талула.