„Ми недостасуваат твоите прегратки. Ти беше најдобриот татко на светот, ќе се сретнеме повторно, напиша во писмото Меадов која во моментов живее со својата мајка.
Ќерката на покојниот Пол Вокер објави на Фејсбук нивна заедничка фотографија и писмо.
– Тато навистина ми недостасуваш. Како што минуваат деновите, се будам се потажна. Многу те сакам тато и тешко ми е отако те нема, напишала Медаов.
Вокер загина во сообраќајна несреќа минатата година. Во седмото продолжение на „Брзи и бесни“ Пол ќе го заменат неговите браќа Калеб и Коди. Наводно Вокер пред смртта ги снимил своите акциски сцени, а браќата служат како двојници, за да ги пополнат малите празнини.