И познатите личности се обични луѓе „од крв и месо“, исто како нас.
Познатата водителка Опра Винфри во јануари наполни 60 години, а за време на неодамнешното снимање за списанието „May“, откри за што жали најмногу во животот.
„Мислам дека најтежок дел од стареењето е кога ќе сфатиш колку време си потрошил на работи кои навистина не се важни. Тоа е навистина тешко и тоа е единственото поради што жалам“, рекла Опра.
Но, Опра сепак ги наведе и придобивките од стареењето.
„Најдобриот дел е тоа што можете да бидете слободни и да работите што ќе посакате. Нема ништо подобро од тоа. Може да бидете што ќе посакате, да го правите тоа што сакате- благодарејќи на вежбите и боите за коса. Боите за коса се најдобрата иновација која им се случила на жените“, рекла водителката.