И најубавата жена во светот има комплекси

Иако повеќе пати ја понесе титулата за најубавата жена на светот, фаталната Ева Мендез откри дека има комплекси.

Прекрасната Ева откри дека е  несигурна кога станува збор за нејзиниот изглед, поточно колковите поради кои што никогаш не носи фармерки, мислејќи дека тие дополнително и ги нагласуваат.

„ Луѓето секогаш велат дека обожаваат тексас бидејќи и е многу едноставен и може секогаш да се носи, но јас мислам дека не е така. За мене тоа е најголемиот ноќен кошмар. Затоа носам секогаш фустани или здолништа. Не морам многу да комбинирам, а не морам ни да носам фармерки“, вели Ева и признава дека секогаш мора да внимава на својот изглед бидејќи папараците ја следат на секој чекор.

- Реклама -