Бијонсе на суд: Обожавателите ја тужат познатата пејачка!

Две обожавателки поради ситуација на минатогодишниот концерт ја тужат познатата пејачка.
Ракел Кастеланос и Габриела Дејвидсон ја тужат познатата пејачка Бијонсе бидејќи за време на нејзиниот концерт во Чикаго во 2013-та година паднале во несвест и биле прегазени и им биле скршени коските при влегување на концертот, пишуваат американските медиуми.

Screenshot_2

Во судските документи Кастеланос и Дејвидсон тврдат дека тие купиле редовни билети за концертот, кои им дозволувале да стојат во близина на сцената. Така жените, кои себеси се опишуваат како „долгогодишни обожавателки на Бијонсе“ стигнале неколку саати порано за да добијат подобро место штом се отворат вратите.

Наводно жените најмногу се жалат на тоа што не им било обезбедено адекватен и сигурен план при влезот на салата.

Откако вратите биле отворени, жените биле бутнати на под од толпата и претрпеле повреди поради кои биле однесени во болница. Сега ја тужат Бијонсе, The United Center и Live Nation и бараат надоместок за штетата.

- Реклама -