Во емисијата на Опра Винфри, холивудската актерка Џулија Робертс претстави спреј за отстранување на пестициди од овошјето и зеленчукот, кој можеме сами да го направите дома.
Може да се употребува за повеќето овошки и зеленчуци. Топло ви препорачуваме и агрумите и бананите (пред лупење), исто така да ги измиете.
Составни компоненти (за спрејот):
1. 1 чаша вода
2. 1 чаша бел алкохолен оцет
3. 1 кафена лажица сода бикарбона
Подготовка:
Составните компоненти измешајте ги и ставете ги во стаклено шишенце кое можете да го користите како спреј. Овошјето испрскајте го од сите страни.
Оставете да делува 5 до 10 минути, а потоа овошјето измијте го под млаз вода.
За поголеми количини овошје, на ист начин подгответе ја смесата и ставете ја во стаклен сад, а во неа овошјето и зеленчукот.