Актерката ги отвара вратите на нејзиниот дом во Њујорк.
Сара Џесика Паркер ги отвори вратите од нејзината куќа во Њујорк во која живее со сопругот Метју Бродерик и нивните три деца.
Во видеото од Vogue.com, 48-годишната актерка од „Сексот и градот“ одговорила на 73 прашања за тоа што сака и што не сака додека на гостинот му дава турнеја низ домот- вклучувајќи претсобјето, дневната соба и просторот со пинг-понг маса како централен дел од собата.
Ѕвездата изгледа опуштено шик во сивиот џемпер, фармерки и розево ланче додека шармантно ја поздравува камерата посакувајќи добредојде во својот внимателно уреден дом.
Интервјуерот започнал со серија прашања во врска со нејзините омилени работи во Њујорк.
Таа открива дека има живеено во областа West Village пред „само 13 години“ и дека никогаш не би го напуштила Њујорк- барем не „доброволно“.
Првата просторија прикажана во видеото е дневната соба на г-ѓа Паркер, уредена со зелен тросед и светло зелени ѕидови обложени со полици за книги. Нејзините омилени предмети во собата се група блескави глобуси кои се поставени над махагони шкаф.
Потоа нивниот разговор се свртуа кон храната, и Паркер открива дека нејзиниот омилен оброк е печено пилешко од Southwestern grill Barberito’s, а нејзината најнеомилена храна е магдоносот.
Кога станува збор за чоколадо, повеќе сака млечно отколку темно- но најомилени слатки и се колачите на сесрта и.
Таа, исто така признава дека најтешкиот дел да се биде мајка на нејзиниот 12-годишен син Џејмс и 4-годишните близнаци Табита и Марион е „посебно но сепак еднакво време поминато со сите деца.“
А на малку повеќе личното прашање, актерката открива дека ако имала тетоважа тоа би било на дното на ногата, и смета дека гулабот е нејзиното духовно животно.
Погледнете го целото интервју и прекрасниот стан на Паркер во приложеното видео: