Близначки, родени со едноминутна разлика, делат булквално се. Имиџот, профилот на Фејсбук, работата, автомобилот па дури и момчето.
Ана и Луси ДеСинк, станаа познати по необичниот начин на живот, и бројните пластични операции со кои тие се обиделе да ги отстранат дури и најситните разлики меѓу нив две. Тие уште од најмала возраст, па се до денес, се облекуваат и шминкаат исто, спијат во ист кревет и го поминуваат буквално секој момент заедно. Иако порано се случувало да имаат различни момчиња, секогаш се труделе тоа да се или браќа, или најдобри пријатели. Сепак, во моментов двете се во врска со едно момче, верувајќи дека тоа е најидеалното нешто за нив.
Иако многумина сметаат дека нивната блискост не е нормална, сепак, тие две не можат да си го замислат животот одвоени.