Да се биде номиниран за Оскар е навистина голема чест, но тоа не помага во плаќање на сметките, што и самиот Бархади Абди може да константира.
Сомалискиот актер го направи своето деби во филмската улога во акциониот трилер “Captain Phillips”, во кој исто така глуми и Том Хенкс. Неговиот неоспорен талент не остана незабележан, како што беше номиниран за Оскар оваа година за споредна машка улога, која на крај отиде во рацете на Џаред Лето.
Овој 28-годишен поранешен возач на лимузина добил 65.000 долари за појавување во филм кој до сега заработил 218 милиони долари од кино благајните.
За својата улога освоил BAFTA награда, а покрај Оскарите, бил номиниран и за Златен Глобус и наградата SAG.
Но, и покрај тоа, живеел во главно од дневниците кои ги добивал за време на сезоната на награди и носел позајмена облека.
Според списанието Њујоркер, сомалискиот актер барал да не биде сместен во Беверли Хилтон туку во некој поскромен хотел, во близина на аеродромот, со цел да биде поблиску до пријателот кој го носел на разни настани.
Бархади Абди планира да се пресели во Лос Анџелес за да ја продолжи актерската кариера. Во моментов е во преговори за улогата на јужноафриканскиот атлетичар Вили Мтоле во филмот “The Place that hits the sun”.