Новиот спот ги налути муслиманите (ВИДЕО)

Видео спотот за новата песна на Кејти Пери ‘Dark horse’ ги налути муслиманите.
Еден од припадниците на муслиманската вероисоповед започнал петиција за отстранување на новиот спот на Кејти Пери за песната ‘Dark Horse’ од Youtube.

Причината за ова е привезокот околу вратот на еден од ликовите од најновиот спот на кој во арапско писмо пишува ’Алах’.

2014-02-26 15_09_24-Novi spot Katty Perry naljutio muslimane - Dnevnik.hr

Видеото за песната, која Пери ја изведува со Џеси Џеј, е објавено на Youtube минатата недела.

Во тој спот, чие дејствие се одвива во древниот Египет, Пери е прикажана како кралица каде што мажите доаѓаат и преку подароците го изразуваат својот восхит.

Но кралицата Пери, очигледно е незадоволна со подароците, па еден по еден од несреќниците ги погодува со гром и ги претвора во песок. Контроверзниот додаток може да се види во видеото во 1:15 минута.

- Реклама -