Познатата Бијонсе настапи во Глазгов, а обожавателите, се разбира, останаа воодушевени.
Славната Бијонсе изгуби многу од својата тежина откако стана веган, а нејзините обожаватели веднаш се загрижија дека ќе ги “стопи“ и своите познати облини.
Но, пејачката покажа дека нема причина за грижа, заводливо вртејќи ги колковите за време на настапот во Глазгов, како дел од The Mrs. Carter Show светската турнеја.
Бијонсе променила неколку комбинации на облека во текот на настапот, а секоја од нив го нагласувала најзиниот секси изглед. Познатата пејачка знае дека најдобар начин на привлекување на публиката е облекување на нешто што има врска со нив, па Бијонсе настапила во карирана облека.
Познатата пејачка уште повеќе ја “запалила“ атмосферата кога се појавила опкужена со пламен во позадина на сцената.
Бијонсе во Шкотска наспапила ден по доделувањето на Brit Awards, а по настапот споделила неколку фотографии со обожавателите “позади сцената“, кои откриваат колку поддршката од сопругот Џеј Зи ѝ е важна за време на подготовките на настапите.