Бијонсе и Џеј Зи уживаат на одмор, далеку од сите гласини.
Се чини дека популарната пејачка Бијонсе ѝ било потребно да избега од реалноста и сите гласнини кои деновиве почнаа да кружат, па заедно со својот сопруг отишле на одмор во Доминиканската Република.
Како што наскоро ги очекуваат нови концерти, а во Лондон ќе оддржат дури шест концерти заедно, познатата двојка замина на сончев одмор за комплетно да ги „наполнат батериите“. Гласините за нејзината наводна врска со Барак Обама веројатно само добро ги насмеале.
Популарниот пар има многу причини за прославување… Пејачката дива и нејзиниот успешен сопруг Џеј Зи се на прво место на топ 100 најмоќни луѓе во музичката индустрија.
Плажата и сонцето се главните мотиви на фотографиите кои Бијонсе ги објавила на својата Tumblr страница. Клалицата Б, исто така, ја искористи можноста да ја покаже својата завидна линија.