Знаете ли колку години полни денеска Џенифер Анистон?

Таа изгледа фантастично, но и самата призна низ колку труд поминува за да задржи ваква линија.

Џенифер Анистон е родена во Калифорнија на 11. февруари 1969 година, што значи дека денеска полни 45 години.

Родена како Џенифер Џоан Лин Анастасакис, ќерка на познат американски актер Џон Анистон и писателката Ненси Анистон. Нејзината мајка е од италијанско – шкотско потекло, а татко и е од грчко потекло. Краток дел од своето детство го поминувала во Грција.

Има двајва  полубраќа Мелик и Алекс Анистон.

Желбата на Анистон за глумата станува посилна кога почнува со работа на бродвејската продукција како на пр. “For Dear Life and Dancing on Checker’s Grave”. Освен работата во театарот, Џенифер работела и како поштар на велосипед.

Таа најмногу се прослави со нејзината улога во Пријатели, како и бракот со Бред Пит.

- Реклама -