Во моментот кога Алиша Кис го прочита името на добитникот, камерите ја забележаа реакцијата на младата Тејлор, која очекувала дека ќе ја добие престижната награда.
Пејачката Тејлор Свифт беше номинирана за албум на годината на доделувањето на Греми наградите 2014 година, но златниот грамофон отиде во рацете на дуото Daft Punk. Она што го привлече вниманието на сите беше нејзината реакција при објавувањето на добитникот.
Во моментот кога Алиша Кис го прочитала името на добитникот, камерите ја забележале возбудената реакција на младата Тејлор, која покажува дека кантри пејачката сепак очекувала дека таа ќе ја добие престижната награда.
Нејзината прерана реакција веќе е „исечена“ од видеото и почна да кружи по интернет.