Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан, гостуваше во емисијата на Џими Кимел. Како дел од неговата емисија, Ким зборувала за венчавката со раперот Канје и венчаницата која планира да ја носи за таа посебна прилика.
Старлетата во разговорот со водителот откри некои детали за свадбата која ќе се случи оваа година. Пред милионската публика гледачи, Ким откри дека свадбата планираат да ја прават на лето во Париз.
– Париз е град кој јас и Канје многу го сакаме и често го посетуваме- рекла старлетата.
Меѓутоа, пред дестинацијата од соништата и совршеното венчавање, за Ким сепак не е се така розево. Идната невеста се пожалила дека ќе мора драстично да изгуби од својата тежина за да влезе во венчаницата на своите соништа.
Старлетата за емисијата беше облечена во фустан од два дела на Диор, кој ги истакна нејзините атрибути.