Старлетата тешко го наоѓа идеалниот пар фармерки затоа што нејзиниот струк е со големина 36, а задникот 42.Често купува број поголем панталони, а стилистот и кројачот Корнелиус Клеј ѝ ги прилагодува на струкот.
Задникот на Ким Кардашијан (33) е еден од најпознатите на Твитер. Но, како и многу други, и старлетата има проблем со наоѓање на соодветни фармерки кои одговараат на нејзината фигура. Сепак, реалити ѕвездата најде решение- кројачот и стилистот Корнелиус Клеј (23) дневно му плаќа 225.900 денари на ден за неа и нејзиниот вереник Канје Вест (36) да им биде во секој момент на располагање.
– Ким има големина на половината 36, додека нејзиниот задник е поголем од 42 па често пати купува панталони со број поголем, а потоа тој ги стеснува во струкот. Висока е само 157 см па нив мора и да ги скрати- открил изворот.
Клеј студирал историја на уметност на Универзитетот Јеил, кога пред четири години за време на шопинг во Барнис во Њујорк го застанал Канје. Го пофалил за неговиот ексцентричен начин на облекување и размениле e-mail адреси. Клеј набрзо добил работа и одлучил да паузира со факултетот. Стилистот во една прилика открил дека уште пред 10 години ја отфрлил школската униформа и во школо се појавувал ви издание кое сам го осмислил. Тој признал дека бил опседнат со Ники Минаж, додека неговиот омилен стилист е Ана Дело Русо и Грејс Кодингтон.