Викторија Бекам на насловната на “Vanity Fair”

Дизајнерката и сопруга на поранешниот славен фудбалер Дејвид Бекам е фотографирана за насловната страница на “Vanity Fair”.
Провокативна повеќе од било кога, поранешната Спајс девојка облечена во сино трико кое ја истакнува нејзината линија и во кое изгледа многу заводливо.

Иако неодамна многумина ја критикуваа заради нејзината тежина, таа се чини ги послушала советите, па ставила некој килограм плус. Исто така, дизајнерката неодамна ја промени и фризурата, па сега има подолга кафеава коса.

- Реклама -