Ирскиот актер Питер О’Тул, светски познат по својата улога како Лоренс од Арабија во истоимениот филм од 1962 година, почина на 81 годишна возраст во Лондон по долго боледување, објавил неговиот агент Стив Кенис.
„Беше единствен во најдобрата смисла на зборот и големец во својата област“, додал Кенис.
О’Tул, кој го преживеа ракот на желудникот веќе седумнаесет години, почина во болница во саботата, кажал Кенис.
О’Tул е номиниран осум пати за Оскар за главна машка улога и тоа во филмовите: „Лоренс од Арабија“, „Бекет“, „Зимата на еден лав“, „Владеачката класа“, „Збогум г-дин Чипс“, „Каскадер“, „Мојата омилена година“ и „Венера“. Добитник е на Оскар за животно дело во 2003-тата година, како и 33 други филмски награди.
Питер О’Тул е роден на 2 август 1932 година во Конемара во округот Голвеј во Ирска, но израснал во Англија.