Бијонсе ненајавето го издаде својот петти студиски албум и 17 видео записи за новите песни. Албумот едноставно е наречен „Бијонсе“.
Бијонсе направи вистинксо празнично изненадување на своите обожаватели. Го објави својот најнов студиски албум, а никој не ни знаеше дека тој е во подготовка. И додека другите музичари поминуваат по неколку месеци во промовирање на престојниот албум, Queen B одлучила да оди чекор понатаму. Едноставно го објавила албумот на iTunes.
Тоа е златната капа за крајот на 2013 година, ексклузивниот видео албум кој е наречен „Бијонсе“ содржи неверојатно 31 песна, од кои 14 се сосема нови.
Бијонсе истоимениот албум го реализираше во соработка го големите музички ѕвезди како нејзиниот сопруг Џеј Зи, пал-Палс, Кели Роуладн и Мишел Вилијамс, Дрејк, Френк Оушн, Фарел Вилијамс, Џастин Тимберлејк, а во сите била вклучена си ќерката Блу Ајви.
Делови од своите видео записи ги ставила и на својот Инстаграм и Фејсбук профил.
„Музиката за мене е многу повеќе од она што слушам“, изјавила Бијонсе во една од своите објавени статии.
„Кога сум поврзана со нешто, веднаш гледам низ сликите која се врзува една на друга, создаваат емоции и сеќавања, на моето детство, моите размислувања за животот, соништа, фантазии и сите се поврзани со музиката. Тоа е една од причините поради кои го направив визуелниот албум и сега е идеално време за негово објавување“, изјавила Бијонсе.