Серија на интимни фотографии од зад сцената на авионот Air Force One во кој патуваше американската делегација.
Луксузниот авион беше домаќин на патувањето во Јужна Африка за комеморацијата за Мендела, во понеделникот. Политичкиот собир во авионот, на двајца претседатели- Џорџ Буш и Барак Обама и три први дами- Лаура Буш, Мишел Обама и Хилари Клинтон беше фотографиран со што стана најекслузивен лет.
На фотографиите се гледаат како Џорџ Буш и Обама се смеат заедно откако поранешниот претседател гордо ги претставил своите најнови уметнички дела на ipad-от. Од тоа делуваат импресионирани и Хилари Клинтон и Мишел Обама. Други фотографии откриваат како се шегуваат меѓусебно и имаат секојдневен мирен разговор. Игледа дека добро се забавувале на летот накај дома.