Мајли Сајрус му „затверка“ на лошиот Дедо Мраз

Таа имаше година исполнета со контроверзии, па не е никакво изненадување што Мајли Сајрус се одлучи токму на овој начин да го заокружи и нејзиниот крај.

Имено, 21-годишната пејачка, настапи во новогодишното издание на KISS FM Jingle Ball во Лос Анџелес, каде го изведе вообичаеното тверк-танцување со помош на лошиот Дедо Мраз. Облечена во светкава црвена маичка и минијатурни шорцеви кои повеќе наликуваа на долна облека, Мајли уште еднаш ја шокираше публиката со вулгарниот настап.

article-2519793-19ECF4D500000578-556_634x825