Пејачката Мараја Кери блескаше на церемонијата на палењето на сијаличките на елката во дворот на Рокфелер Центарот во Њујорк.
Палењето на сијаличките на светски познатиот двор на Рокфелер Центарот е едно од најважните настани во текот на сезоната на празници, и илјадници посетители доаѓаат да присуствуваат на оваа свечена церемонија, а не ги спречува ни ладното време.
Ладното време не ѝ сметаше ни на музичката дива, 43-годишната Мараја Кери, која настапила во свечен фустан кој воопшто не ги покривал нејзините гради, рамења и грб од студот. Но, затоа впечатокот од својот изглед бил совршен, а ги воодушевила присутните и со својот прекрасен глас.