Пол Вокер го помина утрото на денот на неговата смрт правејќи го она што најмногу го сакаше: помагајќи на другите.
40-годишниот актер кој загина во тешка сообраќајна несреќа пред два дена (30 ноември) во Санта Кларита, Калифорнија, кој присуствуваше на добротворен настан во негова организација, Reach Out Worldwide, само часови пред трагичната несреќа. Било репортирано дека бил „толку среќен“ да биде на “Winter Drive”- собирање играчки за жртвите од тајфунот што ги зафати Филипините.
Бил Таунсенд, кој присуствувал на настанот, ја снимил фотографијата подолу со починатиот актер кратко пред да влезат во колата 2005 Porsche Carrera GT со која тој и својот пријател кој возел, Роџер Родас загинаа.
„На почеток на вести известија дека Пол Вакер е мртов. Јас бев со него пред не повеќе од 2-3 часа. Зборувајќи за коли, тој беше толку среќен да ги види сите негови пријатели собрани и заедно гледајќи ги колите. Се надевав дека не бил тој во сообраќајката, но беше. Тој почина правејќи го тоа што најмногу го сака, возејќи коли и помагајќи на другите“, напишал Таунсенд на својот Фејсбук профил за неговата смрт. „Тој беше на настанот на кој успеа да собере илјадници луѓе и многу од нив купија играчки. Толку многу луѓе дојдоа да ја поддржат добротворната организација и тој беше со своите пријатели. Беше голем ден за него. Беше толку воодушевен што доби толкава поддршка.
Валкер се подготвувал последниве неколку месеци да се појави во својата позната улога на Брајан О’Конор во седмото продолжение на филмот „Брзи и бесни“ кој е закажан за излагање во 2014 година. Тој исто така требало да го промовира својот нов филм „Часови“ овој декември.
По ненадејната смрт на Пол Волкер, директорите на студиото Универзал се собрале да разговараат за новото продолжение на “The Fast & Furious”. Наводно ќе има одлагање на филмот, но нема да биде целосно откажан. „Сите од нас во Универзал сме со скршено срце. Пол навистина беше еден од најомилените и најпочитуваните членови на студиото цели 14 години, и загубата е голема за нас и за сите кои беа вклучени во филмовите “The Fast & Furious” и неговите обожаватели. Испраќаме наше најискрено и најдлабоко сочуство до семејството на пол„, изјавиле од студиото.