Тој го направил своето богатство како професионален покераш, а неговото богатство денес е толку големо што може да си купи улоги во филмови.
Син на неуспешен бизнисмен од 1980-тите години, Дан Билзериан како дете одлучил да биде многу богат. Својот пат до парите го нашол во играта покер, а имал и своја ТВ емисија, а подоцна започнал бизнис со онлајн коцкање.
Повеќекратниот шампион во покер во Лас Вегас, а и во многу казина низ целиот свет стекна големо богатство во кое денес и тоа како ужива. А ужива и во популарноста- минатата година прогласен е за најхумористичен играч на покер на Твитер.
Освен добрите партии и шеги, Дан ги сака пиштолите, голите девојки и лимузини.
Дан е, освен страствен коцкар, страсвен колекционер на оружје и голем љубител на жените и акционите филмови. Не е ни чудо што ја добил улогата во филмот ‘Lone Survivor’, кој и го кофинансирал. Покрај тоа, тој бил каскадер во хит филмот ‘Olympus Has Fallen’.