Маид Хечимовиќ го воодушеви жирито со својата изведа на X фактор со песната „Noć mi te duguje” од Здравко Чолиќ.
Емина се изненади, а Кики рече дека не е едноставно да се биде Чолиќ.
– Не е лесно да се биде Чолиќ на оваа сцена, но ти доста квалитетно го изведе тоа.
– Ти си човек драма, ти си балкан во мало. Ме воодушеви. На почетокот беше мек, а потоа хаос, искоментира Кристина.
Јоксимовиќ во свој стил одговори: „ Знаеш ли зошто ќе бидеш ѕвезда? Затоа што веќе почна да ме нервираш! Но фантастичен си, еве ти ДА“.
Со четири да, тој ќе оди во следниот круг.