Кога помисливте дека неможе да биде подобра, Бијонсе направи нешто вакво…
Бијонсе веќе небојно многу пати се покажа како одличен уметник и музичар, но исто така и голем хуманитарец. На концертот во Перт, во првиот ред била и специјалното девојче.
Станува збор за 13-годишната Софи Коткис која дошла да ја слушне познатата музичарка во живо на концертот, а Бијонсе се погрижила Софи никогаш да не го заборави тоа искуство и таа ноќ.
Пред да ја запее ‘Irrepleceable’, Queen B песната ја посветила токму на тоа девојче, таа клекна пред слепото девојче и ѝ подала микрофон за да можат заедно да пеат пред целата публика. Дуетот со Бијонсе го договорила сестрата на малата Софи, Ели. „Ја исполни нејзината најголема желба и ја направи многу среќна. Софи не гледа, но обожава музика, обожава да пее и игра. Најдобра сестра е на светов и мило ми е што имам прилика да направам нешто вакво за неа“, рекла Ели.