Aрета затруднела само 3 месеци откако наполнила 13 години, а се породила само три дена по својот 14. роденден.
И познатите личности немаат многу сјајно детство, а некои од нив кога биле тинејџерки останале бремени и родиле дете. Меѓутоа, нив родителските должности не ги спречиле да се прослават во својата работа.
1. Софија Вергара
Софија се омажила за својот дечко на 18 години, а на 19 го родила синот Манол, па една година подоцна се развела. Денес оваа комичарка, која била номинирана за Еми за улога во серијата „Модерна фамилија“, не размислува за тоа да има уште деца.
2. Арета Френклин
Арета затруднела само 3 месеци откако наполнина 13 година, а се породила три дена по својот 14. роденден. Вториот син, со својот втор дечко го добила кога имала 15 години. Подоцна, во зрелата доба, родила уште два сина и добила 18 Греми.
3. Ники Тејлор
Супермоделот Ники Тејлор се омажила веднаш по завршувањето на средното училиште и на 19 години родила близнаци, а потоа на 21 се развела. Но, тоа не ја спречило да стане светски познат модел и активист.
4. Сузан Сомерс
Сузан вели дека најмногу од се жали зашто не поминала повеќе време со својот син Брус, кој го родила на 19 години. Тогаш била самохрана мајка и морала да работи, а нејзината упорност се исплатела.
5. Соланж Ноулс
Ако до сега не сте слушнале за сестра и на Бијонсе, Соланж, наскоро сигурно ќе сакате бидејќи стана пејачка. Таа се омажила на 17 години, а десет месеци подоцна родила син, кој во една прилика го нарекла „непланираниот благослов“. Сега има 26 години и нејзината кариера се движи нагоре.