Немаат ни 30 години, а веќе се прогласени за најбогати

Тие се богати, млади и славни Британци кои се прогласени за најбогати ѕвезди кои уште немаат 30 години. Занете за кого се работи?

Згодните момци од One Direction ги освоија обожавателките ширум светот, а се наоѓаат на прво место на листата на најбогати луѓе под 30 години на магазинот „Heat“.

one-direction--a

Лани заработиле 60 милиони фунти и така од тронот го симнаа младиот актер Даниел Ретклиф кој го глумеше Хари Потер.

„Момците од 1D се млади, талентирани, згодни и обожавани од страна на милиони луѓе. На тоа сега може да додадеме дека пливаат во пари“, објаснил главниот уредник на магазинот, Луси Кејв.

Ова се најбогатите Британци кои уште немаат наполнето 30 години, а пливаат во милиони:

1. One Direction, £59.33 million
2. Daniel Radcliffe, £56.19 million
3. Robert Pattinson, £44.16 million
4. Keira Knightley, £37.28 million
5. Emma Watson, £27.93 million
6. Adele, £27.54 million
7. Rupert Grint, £24.09 million
8. Calvin Harris, £22.21 million
9. Cheryl Cole, £15.50 million
10. Leona Lewis, £14.45 million

- Реклама -