Иако не е толку присутна во јавноста, актерката Анџелина Џоли е жешка тема во светските медиуми.
Издавачките куќи тргнаа во војна поради Анџелина Џоли. Сите сакаат актерката да издаде книга за својот живот затоа што знаат дека со тоа ќе отворат златен рудник.
И пред да е напишана и една буква од книгата, се прогнозира дека ќе биде бестселер, особено ако Џоли ја опише драмата што ја преживеала откако дознала дека и се заканува опасност од заболување од рак на дојка поради што направи двојна мастектомија на почетокот на годинава.
Наводно една издавачка куќа и понудила 35,5 милиони евра за пишување на книгата.
„Осекогаш сакаше да направи нешто такво, а сега се чувствува најспремна од било кога“, открил извор близок на актерката. „Анџелина има многу духови од минатото, а ниту една тема во книгата нема да биде табу, ќе пишува за се“, додал изворот.