Каспер проговори за кризата со Џеј Ло

Откако портпаролот на пејачката ги демантираше натписите за крајот на нејзината врска со 18-години помладиот танчер, сега и Каспер Смарт даде коментар за целата приказна.

Неколку денови медиумите на големо пишуваат дека на врската меѓу Џенифер Лопез и Каспер Смарт и дошол крајот. Но, 26-годишниот Каспер ги демантираше гласините.

JENNIFER-LOPEZ-CASPER-SMART

„Се е во ред. Колку што сум во тек и понатаму сме заедно“, рекол во емисијата„Access Hollywood Live“.

А кога го прашале за свадба, тој кратко одговорил: „Ќе видиме“.

Џеј Ло и Каспер се во врска две години, а романсата ја започнаа по разводот на пејачката со третиот сопруг, Марк Ентони со кој ги има петгодишните близнаци Макс и Ема.

- Реклама -