Втора фотографија од бебето на Ким и Кание

Помина повеќе од еден месец откако јавноста имаше прва и едниствена прилика да погледне како изгледа малата Норт, ќерката на Ким Кардашијан и Кание Вест.

Но, се чини дека 32-годишната реалити ѕвезда започна да попушта пред искушението да се пофали со слатката ќеркичка, па за прв пат сподели фотографија на социјалните мрежи, што всушност претставува второ претставување на Нори пред нивните фанови.

Под фотографијата Ким напиша: „Ми недостигаше моето мало ангелче.“

И навистина изгледа како ангелче, нели?

article-0-1885A5D200000578-20