Полусестрата на Линдзи направи бројни операции за да личи на неа

Ешли Хорн можеби и нема некоја силна меѓусебна сестринска врска со Линдзи Лохан, но дефинитивно сака да личи што е можно повеќе на неа.

Имено, после потрошените 25.000 долари, и долгите часови поминати под нож, 18-годишната Ешли ги презентираше резултатите од операциите со кои сакаше да стане што е можно послична со нејзината полусестра Линдзи.

IHA-009136

Имено, мајката на Ешли, Кристи, имаше афера со таткото на Линдзи, Мајкл, додека тој се уште беше во брак со нејзината мајка Дина.

„Мојата цел беше да изгледам како Линдзи во нејзините најдобри години, кога беше на почетоците од кариерата и имаше околу 18, 19 години. И сега? Изгледам дури и пожешко од неа!“, изјавила Ешли која воедно и додала: „Тоа што направив операции за да личам на неа не значи дека сум како неа, или сакам да имам нешто со неа. Напротив, јас не пијам, не пушам и не се дрогирам. Сакам да бидам одговорна личност.“

- Реклама -