Ник картер низ солзи призна: Родителите ме обвинуваат за смртта на сестра ми

Пејачот на неколгаш мега-популарниот бенд „ Backstreet Boys“, Ник Картер, го отвори срцето во шоуто Др. Фил за својата зависност од дроги, како и за смртта на неговата сестра, за која ќе го обвинуваат до крајот на животот.

Ник (33)  уште еднаш изјави дека со оглед на својата зависнот од дроги, благодарен е што е се уште жив, но изрази тага поради својата млада сестра Лесли која почина како резултат на предозирање минатата година, на 25 годишна возраст.

Сеќавајќи се на тој ден, Картер вели:

„Се обвинувам себе за нејзината смрт“, и додава дека и неговите родители го мислат истото.

Имено, поради својата и нејзината зависност некое време се одаалечил од помалата сестра и родителите, а тоа било баш во периодот кога Лесли починала. Неговите родеители се убедени дека не би дошло до тоа, доколку тој би бил покрај неа.

- Реклама -