Дали една жена може да сака и кога е повредена?

Дали една жена може мирно да спие кога знае дека тие раце минувале низ друга приказна? …. Всушност, базичното прашање е – Дали еден маж кој искрено сака, паѓа на искушенија и го повторува пак и пак…константно, дури не те распарчи… а веќе ќе е предоцна?

Да сакаш е доблест. Но да простуваш е дар. Ретко кој го може тоа, ретко кој поткленува на туѓото срце кога неговото плаче, ретко кој се навраќа на усните кои веќе станале туѓи, или можеби изнајмени на некое (секое) време … па ако не си спремен да си го повратиш рентаното, ништо тогаш.. останува нечие, и така себично и подмукло те споменува некаде или никаде, а можеби и секаде, ама и баш ти е гајле тогаш.. Те повредил и ајт создравје. Ги облекуваш штиклите кои цела недела си ги гледала на излог повеќе од 10 минути, и заминуваш на својот омилен подиум каде твојата омилена песна одекнува до ,,даска,, а ти си направена половина од тоа со вотката во рака, и баш ти е гајле. Истегана од глава до петици, никој не познаваш, а за твоја ,,несреќа,, сите те познаваат. Ти беше негова девојка, негова круна… сите ја знаат таа убавина која го красеше тоа убаво машко тело. Сите ја познаваат таа фигура која како извајана скулптура се движеше до него, а секој нејзин потег беше ,,страствен танц,,…
НО, не е битно, веќе однапред знаеш дека сите ќе те гледаат кога поминуваш и ќе слушаш како се потшепнуваат одредени приказни за тебе. Да, за тебе, ти си повредена, цел град знае… ама не ја знае вистината, НО ќе ја направат за тебе уште ,,попрекрасна,, од тоа што е, барем за тоа не треба да се грижиш. ….
Цел подиум е твој а ти танцуваш, ја замавнуваш косата, и си насмеана како никогаш до сега. Сите гледаат и знаат дека те боли, и те боли, ти се плаче, ама не попушташ за инает на новите штикли. Мораш да танцуваш, не за друго, да ги испробаш, да видиш дали и тие ќе те изневерат и од нив ќе те заболи. Ако тоа ти се случи, ич не му се надевај дека ќе ги биде…… и штиклите како мажите, или ќе те боли и ќе плачеш, или ќе скокаш од радост до сабајле и со насмевка ќе заспиеш. Едно ќе биде, со сигурност.
Но……
Ретко кој е храбар да го исправи искривеното, избеганото од колосек и да се насмее баш во оној момент кога сака да заплаче и кога паѓа на земја. Во момент кога очите блеснале од тага и солзи, а ти продолжуваш да се смееш и да уживаш онаму каде што си, иако и не се чувствуваш така. Со сласт ја голташ вотката полна со мраз, колку што треба и не треба, ама барем така ти го разладува срцето и мислите и самата душа.

Баш таа беше спремна на тоа, беше спремна да си го врати она што можеби и се лизгаше од раце. Со збор, со нежности да влезе во неговото срце и да му покаже каде греши… што има пред себе, а што позади неа. Да му покаже дека заблудата го прави човек несвесен, а со несвесноста може да го изгуби најбитното…
Иако млада и неискусна,сепак трперлива и грижлива, полна со љубов и надеж го чекаше. Го чекаше да ,,порасне,, .
Иако млада и ранета, таа успеа да создаде драма, да создаде силна љубов, а не евтина приказна во која се е едноставно и предвидливо.
Таа знаеше дека вистинската љубов е драма во која копнежот е доминантен.
И уживаше во тоа. Уживаше да ја има главната улога…. Уживаше да биде сакана иако на моменти и расплакана. Но знаеше, знаеше дека таму некаде длабоко е она вистинското, и беше спремна да го извади на површина и заеднички да ја почувствуваат љубовта.

…Мередит Кортни…

zena povredena

- Реклама -