Атрактивната актерка Зое Салдана го кажала судбоносното „да“ уште во јуни, но никој не знае за тоа.
Зое Салдана се омажила за италијанскиот уметник Марко Перега уште пред три месеци. Според магазинот „Us Weekly“ двојката се венчала на интимна церемонија во Лондон.
„Тоа беше мала, интимна церемонија, беше многу убаво“, открил пријател на двојката. Додал дека на свадбата било само семејството и најблиските пријатели.
Медиумите првпат дознаа за врската на 34-годишната Зое и Марк во мај оваа година. „Зое и Марко се знаат долго време, имаат одлична хемија“, рекол изворот.
Зое пред тоа беше во долга врска со актерот Бредли Купер со кој раскина на почетокот на годинава. Пред врската со него, Зое беше свршена со Кит Бритон, со кој раскина во 2011 година по 11 годишна врска.