Ќерката на Адриана Лима е на добар пат да ја стигне мајка ѝ

Ќерката на бразилската манекенка Адриана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ, Валентина е на добар пат еден ден да ја наследи нејзината успешна мајка на модните писти.

„Мојата Валентина дефинитивно има софистициран вкус. Во врска со чевлите ја следи мајка и“, напишала на Инстаграм Адриана Лима која не одолеа да не се пофали со нејзината постара ќерка која позира во високи потпетици.

v

Лима неодамна откри дека нејзината тригодишна ќерка е вистински вљубеник во модата и дека понекогаш се преоблекува по пет пати на ден. Убавицата додала дека се надева дека и нејзината едногодишна Сиена ќе ги следи стапките на постарата сестра.

- Реклама -