Кои се високоплатените модели во светот? За кои модни брендови рекламираат и за кои дизајнери шетаат неверојатни тела по модна писта? Списанието Форбс ја изготви годишната рејтинг листа за високоплатените модели во светот.
1. Жизел Бундхен
33-годишната Жизел Бундхен седми пат по ред го зазема првото место во рангирањето. Примамливата Бразилка заработува 42 милиони долари благодарение на многубројните проекти во кои учествува . Бундхен има сопствена модна линија, бренд чевли, љубимка е на дизајнерите, а од неодамна и едно од лицата на H & M.
Освен тоа Жизел Бундхен ќе остане засекогаш во историјата како еден од најубавите и најпосакувани ангели на VIctoria’s secret. Топмоделот соработува активно со водечките светски брендови во козметиката.
2. Миранда Кер
На второ место на листата на најбогати модели според американското списание Форбс е нејзината Австралискаколешка Миранда Кер. Сопругата на Орландо Блум заработила за една година 7,2 милиони долари благодарение на договорот како лице на австралиската авиокомпанија „Qantas”, како и модниот бренд „Манго”.
Исто така 30-годишната манекенка има сопствена линија производи за нега на кожата, наречена „Kora”. Оваа година Миранда Кер ќе парадира за последен пат како ангел на VIctoria’s secret.
3. Адријана Лима
Трета во рангирањето е Бразилката Адријана Лима, која има инкасирано 6 милиони долари благодарение на проектите со брендови како Victoria’s secret, Maybelline, Pirelli. Таа има работено за дизајнери од калибарот на Џорџо Армани, Ралф Лорен, Валентино.