Младата актерка се стекна со слaва преку ноќ и тешко се справува со неа. Вели дека се чувствува како мајмун во зоолошка.
Џенифер Лоренс искрено проговори за се во интервју за Вог.
Младата актерка наполни 23 години, но веќе е едно од најпознатите лица во Холивуд. По Оскарот за главна женска улога во „Silver Lining Playbook“ нејзиниот живот сосема се измени, а за магазинот Вог за чија насловна се сликаше, признала дека се чувствува непријатно во своја кожа откако станала славна.
„Почнувам да се чувствувам како мајмун во зоолошка. Одеднаш цел свет мисли дека има право да знаете се за мене, вклучувајќи го и тоа што правам за викендите, а јас едноставно немам право да речам дека сум со семејството“, ги открила Џенифер своите фрустрации.