Ким Кардашијан и Кание Вест на нивната ќерка ѝ го дадоа името Норт Вест (Северозапад), но ова девојче не е единственото на кое славните родители ѝ дале необично име.
Кога Викторија и Дејвид Бекам одлучија нивниот син да го крстат Бруклин во 1999 година, тогаш звучеше чудно, а сега ова име е на 29. место по популарност во САД. Изборот на друго њујоршко предградие – Бронкс на кое се одлучија пејачката Ешли Симпсон и Пит Венч, не е толку популарно.
Меѓу интересните имиња што изминативе години се појавија кај децата на славните се Алеф (синот на Натали Портман и Бенџамин Милијпе), Епл и Мозес (Јаболко и Мојсије – децата на Гвинет Палтроу и Крис Мартин), Беар Блу (Сина Мечка на Алиша Силверстон) и Блу Ајви – ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, крстена по хрватскиот син бршлен.
Кингстон и Зума се имињата на децата на Гвен Стефани и Гавин Росдејл, Пајлот Инспектор (Пилот Инспектор) е син на актерот Џејсон Ли, Принц Мајкл и Париз децата на Мајкл Џексон, потоа Шајло, Медокс, Захара, Пакс и Нокс се децата на Бред Пит и Анџелина Џоли.
Популарниот готвач Џејми Оливер бил очигледно инспириран од природата ги нарекол неговите деца Бади Бер Морис (Другар Мечка Морис), Петал Блосом Рејнбоу (Расцветан Цвет Виножито), Дејзи Бу Памела (Бела Рада Бу Памела) и Попи Хани Роузи (Мед Ружа).
Френк Запа остана свој кога ги крсти децата Мун Јунит, Двизил, Ахмет и Дива Мафин Запа.