Колумбиската пејачка отворено зборуваше за нејзината врска со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике (26) за јулското издание на магазинот „Elle“.
Ако ја прашате Шакира, најдобар совет за успешна врска е да го пуштите вашиот маж да има „сопствен свет“.
„Тој има свој свет и тоа е една од најздравите работи во една врска“, рекла Шакира.
„Знам дека тој е една од малкуте личности кои не се со мене од интерес туку поради љубовта што не соединува. Не можам да му понудам ништо повеќе освен својата женственост“, открива пејачката.
Таа пред осум месеци го роди синот синот Милан и вели дека се уште учи за мајчинството.
„Имам чувство дека ќе се обидувам да го совладам тоа до крајот на животот. Некои луѓе тоа го претставуваат како идилично искуство, други како мачење, но вистината е во средината. Тоа е како животот – доаѓа во пакет и со добро и со лошо“.
Шакира инаку е членка на Менса со коефициент на интелигенција 140. Таа моментно го завршува новиот албум.
Во галеријата погледнете ја фотосесијата на Шакира за „Elle“.