Покрај по нејзините бујни гради и облини, многумина ја препознаваат оваа манекенка по кратката фризура. Токму таа е нејзиниот заштитен знак, но реши да направи мала промена.
29-годишната Амбер Роус сега изгледа како друга девојка. Кратката коса ја замени со долга и рамна. Фотографиите од новиот имиџ ги сподели на Инстаграм, а доби само пофални зборови.
Инаку, Амбер и нејзиното момче Виз Калифа пред три месеци станаа родители на малиот Себастиан. Гордата мајка се пофали дека со личен тренер успеала да изгуби над 10 килограми.