Ким Кардашијан никогаш не се срамела да го покаже своето тело. Но, ова може да биде премногу дури и за неа.
Уметникот Даниел Едвардс од Лос Анџелес направи статуи од бремената реалити ѕвезда и од нејзиното неродено бебе.
Скулпторот на овој начин сакал да ја направи Ким бесмртна, а статуите се дел од неговата нова изложба L.A. Fertility. Тој ја извајал бремената Ким во нејзината природна големина, но тоа што е најбизарно е дека тој направил статуа и од нејзиното неродено бебе.
„Бев инспириран од убавината на Ким Кардашијан, а најмногу ме поттикнаа критиките за нејзините покачени килограми во бременоста што воопшто не ми се допаѓаат“, вели Едвард.
Даниел Едвардс има изработено скулптури од многу познати ликови. Во 2006 година ја изваја оваа скулптура од Бритни Спирс како се пораѓа
Џастин Бибер и неговата девојка Селена Гомез во 2011
Анџелина Џоли и Бред Пит во 2009 година