Познатата актерка ретко се појавува во јавност со нејзиното момче, а сега објави дека е бремена.
34-годишната актерка Џенифер Лав Хјуит и Брајан Халисеј, нејзиното момче и колега од серијата „The Client List“, го чекаат своето прво дете.
„Ова е предобро време и многу сме среќни дека ќе основаме заедничко семејство“, порачале Џенифер и Брајан во официјалното соопштение што го објави Е!News.
Двојката се запозна на снимањето на популарната телевизиска серија, а Џенифер пред Брајан беше во долга врска до Рос МекКал со кој раскина во 2009 година, а беше и во врска со колегата од серијата „Ghost Whisperer“ Џејми Кенеди.