Кејт Винслет е бремена

Британската актерка Кејт Винслет, најпозната по улогата во „Титаник“, го очекува првото дете со својот трет сопруг Нед Рокенрол за кого се омажи минатата година.

Кејт веќе има две деца од претходните два брака: 12-годишната Миа со Џим Триплтон со кого беше во брак од 1998 до 2001 година и 10-годишниот Џо со Сем Мендес со кого беше заедно од 2003 до 2010 година.

kate_122712125336

„Кејт и Нед се многу среќни. Бебето ќе се роди на крајот на годината“, изјавил агентот на актерката за пагазинот „People“.

Кејт (37) во декември се омажи за Нед кој инаку е внук на британскиот милијардер Ричард Бренсон.

 

- Реклама -