Откако ги отстрани двете дојки за да го намали ризикот од рак, од кој починале нејзината мајка и тетка, актерката Анџелина Џоли ќе се појави на црвениот килим на премиерата на новиот филм на Бред Пит во Лондон.
Ова ќе биде прво појавување на актерката во јавност по операцијата и одлучи тоа да биде токму на 2 јуни на премиерата на World War Z, кој нејзиниот сопруг Бред Пит моментно го промовира во Америка.
Џоли, исто така, најавила дека ќе направи и операција за отстранување на јајниците за комплетно да се заштити од рак на матката.