Миранда се срами од „Сексот и градот“

Синтија Никсон, позната по улогата на Миранда, од серијата „Сексот и градот“, која е мажена за Кристин Мариони, во едно интервју проговори дека никогаш не и се допаѓал концептот на пари и љубов, врз кој е заснована серијата. 
„ Се сеќавам кога го снимавме првиот дел од филмот и сцената каде Ѕверката иго  покажува на Кери шкафот за обувки, кој го создал за неа. Мене тоа ми беше понижувачко. Ок, може е тоа премногу силен збор, нека биде разочарувачки“, вели Синтија.

seks i grad

Инаку таа сцена е доста критикувана од страна на јавноста.

„Ѕверката не само што и купува се, туку веќе се нуди да и го прилагоди просторот со обувки и фетиши. Најлудо од се е што публиката на тоа ракоплеска“, наведува во критика Антонија Лејна, за „Њујоркер“.

За разлика од својот лик во серијата Синтија вели дека не е преоптеретена со шопинг и се вози со метро на секаде.

„ Што друго да правам. Можеби да изнајмам лимузина?“, заклучува таа.

 

- Реклама -