Ова е новата Хурем!

Откако Мерјем Узерли поради психички проблеми и депресија го напушти снимањето на популарната серија, турските медиуми наведуваат дека продуцентите за нејзина наследничка ја избрале пејачката и глумица Гулчин Сантирчиоглу (36).

Оваа вест сигурно ќе ги растажи фановите на црвенокосата Германка. Една од најпопуларните турски актерки Мерјем Узерли нема повеќе да ја глуми султанијата Хурем, во серијата „Сулејман Величенствениот“. Веќе некое време актерката е во депресија, а турските медиуми објавија дека неа ќе ја замени 36-годишната Гулчин Сантирчиоглу.

Hurem-1

Од анонимна девојка Мерјем стана најпозната турска актерка со огромен хонорар. Но, со популарноста стигнаа и неволјите. Прво многу се здебели, па потоа ослабе до непрепознатливост, за на крај, по стотата епизода, да им каже на продуцентите дека се откажува од снимањето и се враќа во Берлин.

Merjem-Uzerli-Sultanija-Hurem

 

Пријателите велат дека Мерјем не се јавува на никој, а во Германија престојува во една клиника. Со неа е и нејзиниот вереник Кан Атеш. Продукцијата беше шокирана со нејзината изјава дека повеќе нема да снима.

„Лошо ми е, не можам повеќе. Не можам да издржам во Турција. Се враќам во Берлин“, рекла пред неколку дена актерката.

- Реклама -