75-годишниот Морган Фримен веќе почна се почесто да се заморува.
Годините си го направија своето за време на телевизиско интервју, каде еден од најголемите наратори и актери на сите времиња заспа „ во живо“.
Холивудската ѕвезда задрема во воздухот, додека неговиот колега Мајкл Кејн објаснуваше детали околу нивниот нов заеднички филм „Now You See Me”
Водителот поставуваше прашања околу ефектите на продукцијата, но Морган дури не го слушна.